Достапни линкови

Бостонскиот бомбаш изведен пред суд


Осомничениот за бомбашкиот напад за време на бостонскиот маратон, Џохар Царнаев денеска за првпат се појави пред суд откако беше обвинет во јули 2013 година. Денеска тој го даде својот конечен исказ пред да започне неговото судење закажано за 5 јануари. Во јули минатата година, Царнаев се изјасни за невин по 30-те федерални обвиненија против него. Тој се соочува со смртна казна ако биде осуден.

Три лица загинаа, а повеќе од 260 беа повредени при експлозијата на две бомби во близина на целната линија на Бостонскиот маратон во 2013.

Џокар и неговиот брат Тамерлан се обвинети за поставување на бомбите. Тамерлан Царнаев беше убиен во престрелка со полицијата неколку дена по бомбардирањето, при обидот да избега.

XS
SM
MD
LG