Достапни линкови

Адвокатите слаби во заштита на човекови права


Адвокатите не се многу практично подготвени за процесите во областа на заштита на човековите права. Македонското здружение на млади правници во соработка со американската владина агенција УСАИД, спроведува проект кој младите правници имаат можност за обука во областа на човековите права.

Иако истражувањата и меѓународни извештаи укажуваат на тоа дека во Македонија постојат случаи на еклатанто кршење на човековите права, упатените посочуваат дека во земјава малку се зборува на оваа тема, а македонските судови тешко ја реализираат заштита на човековите права. Во оваа насока се поставува и прашањето колку адвокатите во земјава се ја познаваат оваа област за да застапуваат граѓани пред судовите.

Во Хелсиншкиот комитет се обраќаат странки кои имаат поплаки насочени кон Обвинителството и Судот, но по внимателно проучување на нивните предмети, понекогаш доаѓаме до заклучок дека нивните адвокати се оние кои не успеале да ги обезбедат, односно заштитат човековите права.

Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет за човекови права вели дека ниско е нивото на подготвеност кај адвокатите, бидејќи нивното образование во областа на човековите права е премногу теоретско и со малку пракса, а знаењата единствено ги унапредуваат по сопствена иницијатива.

Воислав Стојановски.

Воислав Стојановски.

„Во Хелсиншкиот комитет се обраќаат странки кои имаат поплаки насочени кон Обвинителството и Судот, но по внимателно проучување на нивните предмети, понекогаш доаѓаме до заклучок дека нивните адвокати се оние кои не успеале да ги обезбедат, односно заштитат човековите права. Ваквата состојба резултира со низок степен на заштита на граѓаните, а како еклатантни примери за тоа се непостоењето на ниту една правосилна пресуда во областа на дискриминација, вознемирување на работното место, говорот на омраза, тортурата и така натаму“, вели Стојановски.

Утврдено е дека нема системска специјализација во областа на човековите права. Ние не велиме дека не постојат индивидуалци кои се експерти во оваа област, меѓутоа една од целите на проектот е да се формира еден круг на обучени адвокати и правници.

Македонското здружение на млади правници во соработка со американската владина агенција УСАИД, спроведува проект кој младите правници имаат можност за обука во областа на човековите права. Целта е тие понатаму бесплатно да застапуваат граѓани пред меѓународните и домашните судови, кои се жртви на повреда на човековите права,

„Утврдено е дека нема системска специјализација во областа на човековите права. Ние не велиме дека не постојат индивидуалци кои се експерти во оваа област, меѓутоа една од целите на проектот е да се формира еден круг на обучени адвокати и правници. Ќе бидат обучени 30 правници кои ќе бидат обучени стриктно на оваа област од човековите права“, вели Маја Каланоска, менаџер на проектот.

Оваа година, за прв пат во Македонија беше донесена пресуда со која се утврдува дискриминација. Основниот суд Скопје 2 , во постапка што ја поддржа Македонското здружение на млади правници, утврди дискриминација и повреда на еднаквост во случај кога Министерството за внатрешни работи е тужено од граѓанин припадник на ромската заедница, бидејќи бил спречен да ја напушти земјата и спротивно на законот му било ограничено правото на движење и правото на еднаквост. Пресудата се уште не е правосилна, бидејќи случајот е во жалбена постапка и се чека одлуката на Апелациониот суд.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG