Достапни линкови

Исламисти убиле повеќе од 30, а киднапирале над 185 луѓе во Нигерија


Милитанти од организацијата Боко Харам убиле повеќе од 30, а киднапирале најмалку 185 луѓе во селото Гумсури во североисточна Нигерија, соопштуваат полицијата и очевидци. Меѓу киднапираните има жени, деца и момчиња, кои со камиони биле одвезени кон шумата Самбиса, која е познато упориште на бунтовниците. Киднапирањето се случило пред четири дена, но информацијата за настанот пристигна денеска, откако преживеаните стигналe во градот Маидугури. Боко Харам во април киднапира повеќе од 200 жени од средно училиште во близина на границата со Камерун. Во меѓувреме, камерунската армија денеска соопшти дека 116 милитанти на Боко Харам кои вчера нападнале една од нивните бази. Боко Харам е исламистичка организација чие име значи „Западнато образование е грев“.

XS
SM
MD
LG