Достапни линкови

logo-print

Нови санкции од ЕУ против Крим


Крим.

Крим.

Лидерите на ЕУ денеска забранија инвестиции од фирми и поединци од Кримскиот Полуостров. До ова доаѓа откако шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ минатиот месец одлучија дека политиката на непризнавање на руската анексија на Крим треба да се зајакне со поостри санкции.

ЕУ забрани жители и фирми регистрирани во Унијата да купуваат недвижности и да вложуваат во бизнис на Крим. Се забранува продажба, извоз и превоз на стоки со бродови и авиони регистрирани во ЕУ во секторите транспорт, телекомуникации и енергетика, вклучително и нафта, природен гас и минерални суровини. На европските туристички бродови им се забранува да се укотвуваат во кое било пристаниште на Крим.

Москва остро реагираше дека санкциите се „апсолутно неприфатливи“. Руското министерство за надворешни работи оцени дека санкциите не се нiшто друго, освен обид да се казнат жителите на полуостровот.

XS
SM
MD
LG