Достапни линкови

СДСМ на терен во Струга и Охрид


Социјалдемократите ги посетуваат граѓаните во Струга и Охрид и ги слушаат нивните мислења. Од ВМРО-ДПМНЕ се скептични дека акцијата ќе има успех.

Тимови на СДСМ од Охрид и Струга речиси еден месец се на терен и ги посетуваат граѓаните. Велат дека главната цел им е да ги слушнат ставовите и мислењата на стружани и охриѓани околу актуелните проблеми што всушност било дел и од новата стратегија на СДСМ „работиме заедно“. Врз основа на тоа ќе се темелеле и наредните изборни програми и проекти на СДСМ.

Акцијата зеде замав, се посетуваат домовите на нашите сограѓани. Она што можам да го кажам е дека не само што се менувал пристапот на активистите на СДСМ кон граѓаните, туку и односот и мислењата на граѓаните кон актуелните состојби во нашата држава и нашиот град.
Томислав Тунтев, СДСМ - Охрид.

Томислав Тунтев претседател на охридските Социјалдемократи, вели дека станува збор за еден сосема нов пристап на нивната партија кон граѓаните на Македонија.

„Акцијата зеде замав, се посетуваат домовите на нашите сограѓани. Она што можам да го кажам е дека не само што се менувал пристапот на активистите на СДСМ кон граѓаните, туку и односот и мислењата на граѓаните кон актуелните состојби во нашата држава и нашиот град. Тоа се иселувањето на младите луѓе од државата и иселувањето од Охрид. Градот е преполовен во однос на бројот на жители. Потоа тоа се комуналните и инфраструктурните проблеми, корупцијата, криминалот и невработеноста“, рече Тунтев.

Во Охрид во моментот нешто повеќе од 60 тимови биле на терен, додека во Струга тој број е 40 тимови.

Јован Митрески секретар во СДСМ, Струга рече дека се изненадени од односот на граѓаните кон нивните тимови. Вели дека ќе го посетат секое семејство во Струга без разлика на партиската, етничката и верска припадност.

Опозицијата во својата безидејност се обидува да ги копира активностите на ВМРО-ДПМНЕ, но верувам дека тоа ќе биде со краток здив и со лоши резултати. СДСМ е елитистичка партија и тие тешко дека можат со луѓето како што одат по домовите.
Атанаско Михаилов, ВМРО-ДПМНЕ, Охрид.

„Луѓето не примаат и што е позитивно за нас, во овие тешки времиња со притисоци и уцени кои ги трпат, пристапуваат кон нас. Тие се разочарани од ситуацијата на сите полиња. Најчест проблем кој го спомнуваат е невработеноста и сиромаштијата која е поголема секој ден. Ќе го посетиме секое семејство, секој стан и секоја куќа“, рече Митроски.

Но Атанаско Михаилов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид вели дека она што се обидува да го прави сега СДСМ кај граѓаните нема да предизвика ништо посебно, бидејќи СДСМ била партија без идеја и програма.

„Опозицијата во својата безидејност се обидува да ги копира активностите на ВМРО-ДПМНЕ, но верувам дека тоа ќе биде со краток здив и со лоши резултати. СДСМ е елитистичка партија и тие тешко дека можат со луѓето како што одат по домовите. Но обидот да го направат тоа е за поздравување бидејќи нешто мора да прават. Верувам дека ќе се претставата во форма на омаловажување, плукање и на се што ВМРО ДПМНЕ работи како партија“, вели Михаилов.

СДСМ на терен е од 20 ноември оваа година, и активностите се спроведуваат на ниво на цела држава.

XS
SM
MD
LG