Достапни линкови

logo-print

Државниот испит, предлогот за нов државен грб, загадениот воздух , евроинтеграциите се дел од темите за кои пишуваа весниците.

Пците си лаат, карванот си врви. Се чини така ќе биде со несогласувањата и протестите против екстерното, или државниот испит по најново: Министерот ја почна расправата со претставници на факултетите за да им го објасни новиот концепт.

Најавената расправа за екстерното во последен момент е презакажана - министерот Адеми им побегна на студентите.

Слободен печат информира дека „Најавената расправа за екстерното во последен момент е презакажана - министерот Адеми им побегна на студентите“. Утрински ја објавува неговата изјава: „Ја променивме локацијата за дебата поради дојава за упад на студентите“. А група студенти од Студентскиот пленум, се дознава од Слободен печат, сакале само да го искажат својот протест пред министерството за образование.

Инаку, „Лавот се заканува дека ќе го голтне Ахмети - лидерот на ДУИ се соочи со голем внатрепартиски отпор зашто се согласил за нов државен грб без внатрепартиска консултација“, насловува Утрински, кој исто така објавува интервју со високиот партиски функционер на ДУИ, Рафиз Алити, кој најавува дека „ДУИ ќе понуди свој предлог за грб, зашто со предложената верзија Албанците не се идентификуваат и не се препознаваат“.

Лавот се заканува дека ќе го голтне Ахмети - лидерот на ДУИ се соочи со голем внатрепартиски отпор зашто се согласил за нов државен грб без внатрепартиска консултација.

Вечер информира дека на состанокот за избор на ново партиско раководство на ДУИ за Струга се случила масовна тепачка и дека еден функционер бил однесен во болница.

Утрински и Слободен печат пишуваат дека воздухот во Скопје и во другите неколку проблематични градови повторно е енормно загаден. Утрински се подбива дека граѓаните, ако не сакаат да фатат некое белодробно заболување, треба да се преселат на планина или да се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд - 11 и пол минути без воздух! Истиот весник ја објавува изјавата на претседателот на „Екогерила“, Аријанит Џафери дека со толерирањето на Југохром да работи без филтри, фабриката труе над 300.000 жители од регионот.

Евростат објави споредбени податоци според кои Норвежаните, како и Германците, Холанѓаните, Белгијанците и Данците за еден час заработуваат една македонска просечна плата! - објавува Утрински.

Дневник, како и другите печатени медиуми објавува дека и во шестиот извештај за напредокот на Македонија ќе нема датум за преговори. Според весникот, виновна била, се разбира, Грција. Утрински, меѓутоа, пишува дека во извештајот што ќе се усвојува на Самитот на ЕУ се изразува сериозна загриженост за политизацијата на државните институции и за растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на медиумите.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG