Достапни линкови

Јахјага: Приштина останува посветена на дијалогот со Белград


Косовската претседателка Атифете Јахјага во годишното обраќање пред Парламентот изјави дека Приштина останува посветена на дијалогот со Белград и побара Косово итно да ја исполни обврската и да формира Специјален суд. Таа, исто така, упати критики до политичките партии поради шестмесечната криза по изборите, оценувајќи дека тоа и предизвикало голема штета на земјата. Јахјага оцени дека Косово многу направило во борбата против верскиот тероризам и додаде дека е потребна соработка со сите заедници во таа борба. Претседателката изразила незадоволство од јавните набавки и судството, но и загриженост поради изолацијата на Косово. Јахјага нагласи дека ќе направи се што е потребно за да се утврди вистината за исчезнатите лица, да се најдат нивните тела и да им се предадат на семејствата.

XS
SM
MD
LG