Достапни линкови

logo-print

Состанок на ФИФА по наводите за корупција


Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Извршниот комитет на ФИФА денеска одржува состанок зад затворени врати во градот Маракеш во Мароко во време кога расте притисокот врз светската фудбалска куќа по објавувањето на меѓународниот извештај за корупција. Инспекторот за етика на ФИФА, Мајкл Гарсија, вчера поднесе оставка во знак на протест поради, како што вели, погрешното претставување на неговата истрага за наводите за корупција при доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и во 2022 година на Русија и на Катар. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, изјави дека во Маракеш ќе се разговара за оставката на Гарсија.

XS
SM
MD
LG