Достапни линкови

logo-print

ИОМ: Двоен пораст на мигранти во Македонија


Во 2013 година бројот на ирегуларните миграциски текови изнесувал околу 1.200 додека во претходната година бил околу 680, што претставува двоен пораст, изјави Соња Божиновска-Петрушевска, раководител на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции во Скопје, по денешната „Работилница за судии и јавни обвинители за трговија со луѓе и криумчарење мигранти“, која се одржува по повод Меѓународниот ден на мигрантите, 18 декември. Таа рече дека е потребна поддршка за обезбедување превод од јазиците на коишто зборуваат овие мигранти, спроведување програми за асистирано доброволно враќање, соодветно адаптирање на прифатните центри, како и натамошно продолжување на соработката во справувањето со ваквите миграциски текови.

XS
SM
MD
LG