Достапни линкови

Ароганцијата на власта да не ги слуша засегнатите страни кога носи важни закони, ги тера луѓето да протестираат, оти само така може да се чуе нивниот глас.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов не сака да ги прими на средба синдикатите и невладините организации кои ќе протестираат во понеделник за Законот со кој хонорарците ќе плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Не само што не бевме примени, туку не бевме удостоени ни со каков било одговор, таа ароганција едноставно не принудува да излеземе на улица за да се чуе нашиот глас.

Неговиот колега, главен на ресорот образование Абдилаќим Адеми, вчера ја премести дебатата за предлог законот за измени во образованието за да ја избегне директната средба и дебата со Студенсткиот пленум.

Ова се само два последни примери во кои оние што засегнати од предложените измени се обидуваат да разговараат со оние што ги носат, но до дебата не доаѓа.

Ѕвездан Георгиевски од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници кој заедно со неколку други синдикати и невладини организации го подготвуваат протестот вели дека не очекува да дојде до некакви промени, но оти тоа е единствениот начин да се слушне нивниот став.

Таа тенденција да се носат закони по секоја цена, секако дека имаат скриени тенденции, а тие тенденции не мора секогаш да се разумски, понекогаш се работи за суета или за чист инает. Еве на пример Законот за високото образование, со тестирањето.

„Тоа е една депресивна ситуација таа ароганција на власта. Протестот не беше наша замисла првенствена и првична, ние побаравме средба со министерот или со некого од Министерствот. Сметаме дека имаме релевантни аргументи со кои можеме да се разбереме и да објасниме на што точно мислиме кога мислиме дека овие решенија не се добри. Не само што не бевме примени, туку не бевме удостоени ни со каков било одговор, таа ароганција едноставно не принудува да излеземе на улица за да се чуе нашиот глас“, вели Георгиевски.

Според Александар Цветкоски од невладината огранизација АГТИС, во Македонија сите влади досега се однесувале на таков начин иако како што вели ние сме обврзани и од Европската унија да ги консултираме сите засегнати страни при носењето на закони.

„Таа тенденција да се носат закони по секоја цена, секако дека имаат скриени тенденции, а тие тенденции не мора секогаш да се разумски, понекогаш се работи за суета или за чист инает. Еве на пример Законот за високото образование, со тестирањето. Ако вие имате закон и го менувате, тој закон треба нешто да лечи, владата не кажа што лечи тој закон, која состојба ја лечи, значи ние имаме лек кој одговара на непозната болка“, вели Цветкоски.

Овој предлог закон, исто како и измените во образованието и студентските протести предизвикаа многу коментари на социјалните мрежи. Актерот Сашко Коцев незадоволен од тоа што законот нема да важи и за пратениците и функционерите напиша „Си изгласавте закон со кој вие не сте опфатени?!?!? Со што тоа вие драги господа пратеници и функционери сте нешто повеќе од уметниците?Со што го заслуживте тој статус?Значи вие сте заштитени "бели мечки"?....не ! Вие сте само бели пудлици!! Да,да, салонско кутре кое служи само за шетање и сликање и е многу скапо за одржување. Но, не е проблем.Јас го имам аплаузот, феномен на човештвото. Аплауз кој го прави уметникот богат.Вистински и гласен аплауз. Не партиско тапшање по рамо,не не...не инсценирани аплаузи од луѓе со сендвич во раката.Не,туку вистински,нешто кое нема да го почувствувате ...затоа јас за вас сум подготвен не 40%,туку да платам 97% давачки. Со преостанатите 3% ќе одам да си купам сендвич. Збогум културо,збогум сиромаштијо“напиша Коцев.

Дел од фејсбук заедницата споделува и статуси на кои пишува „И да врне и да вее и бура да коси, владата какви сака закони си носи“, „Даночен рај за странци, пекол за хонорарци“ или пак „Малку ви беше одлив на мозоци? Сакате и одлив на сметки“?

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG