Достапни линкови

logo-print

Засилени мерки за безбедност во БиХ


Архивска фотографија: Апсење на вахабисти во акцијата Дамаск во Сараево.

Архивска фотографија: Апсење на вахабисти во акцијата Дамаск во Сараево.

Полициските агенции во Босна и Херцеговина ги засилија мерките за безбедност поради информации дека државата, како членка на глобалната коалиција против терористичката организација Исламска држава, може да биде цел на терористички напади. За заштита на органите на власт на државно ниво, како и на дипломатските претставништва во БиХ, задолжена е Управата за координација на полициски тела. Шефот на Управата, Мирсад Вилиќ потврди дека се преземаат засилени мерки за заштита. Според нивни проценки, околу 150 луѓе од БиХ се во Сирија и Ирак каде се борат на страната на радикалните исламистички групи. Проценките се дека тие би можеле да бидат закана откако би се вратиле во државата.

XS
SM
MD
LG