Достапни линкови

Нацрт резолуција за мир на Блискиот Исток


Јордан поднесе нацрт резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара постигнување мир меѓу Израел и Палестинците во рок од една година. Во документот крајот на 2017 година се поставува како датум за завршување на повлекувањето на израелските безбедносни сили од палестинските територии. Палестинската делегација во Обединетите нации најави дека нема да инсистира на брзо донесување на резолуцијата за да им се даде повеќе време на разговори, вклучувајќи и со Соединетите држави. Израел се противи на секаква сугестија дека Советот за безбедност може да постави временска рамка за преговори со Палестинците кои се прекинати од април годинава.

XS
SM
MD
LG