Достапни линкови

Самит на ЕУ, главни теми: Русија и инвестирањето


Доналд Туск

Доналд Туск

Лидерите на Европската унија на дводневниот состанок во Брисел ќе разговараат за тензичните односи со Русија. Не се очекува да бидат донесени нови санкции, бидејќи, како што се дознава од дипломатски извори, Европската унија немала цврст став околу ова прашање. „Не би сакале премногу да го провоцираме Путин“, изјави еден неименуван дипломат за новинската агенција Франс Прес. Европската унија и Соединетите држави имаат воведено санкции против Русија како одговор на руските акции во Украина каде што провладините сили се борат со проруските бунтовници од април годинава. Евролидерите ќе разговараат и за предложениот инвестициски план од 315 милијарди евра за забрзување на економскиот пораст во Унијата. На самитот за прв пат ќе раководи новиот претседател на Европскиот совет, екс премиерот на Полска Доналд Туск.

XS
SM
MD
LG