Достапни линкови

Пронајдена масовна гробница во Сирија


Сириски активисти соопштија дека тела на над 250 луѓе најверојатно убиени од милитанти на Исламската држава биле најдени во масовна гробница во источниот дел на Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија објави дека гробницата се наоѓала во близина на едно село и оти убиените биле припадници на племето Шејтат. Во меѓувреме, курдските сили во Ирак соопштија дека покренале голема офанзива поддржана со воздушни напади од меѓународната коалиција предводена од Соединетите држави со цел да ја вратат контролата врз подрачјето Синџар од милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG