Достапни линкови

Бришење на Хамас од листата терористички организации?


Илустрација.

Илустрација.

Трибуналот на ЕУ денеска одлучи дека палестинската исламистичка организација Хамас треба да биде избришана листата терористички организации на ЕУ, бидејќи била ставена на таа листа врз основа на медиумски извештаи кои не се сметаат за анализи. Вториот по големина трибунал во Унијата соопшти дека земјите членки може уште три месеци да ги држат замрзнати средствата на Хамас за да се даде време за дополнително разгледување или жалба. Сепак европската дипломатија соопшти дека на Хамас се уште гледа како на терористичка организација. Израел, пак, бара враќање на Хамас на црната листа и оти потегот покажува „неверојатна хипокризија“ кон еврејската држава.

XS
SM
MD
LG