Достапни линкови

Либерализмот во Македонија – Личните пред групните интереси


Личните слободи и одговорности да бидат фокусот на општеството, наместо да се делиме по групи. Има ли можност овие вредности на либерализмот да се вкоренат во македонското општество. Иницијативата за тоа е на Институтот Либерална алтернатива, кои прават дебати на оваа тема.

Поединецот да биде во центарот на општеството наместо групата. Ова вредност на либерализмот да биде достигната и во Македонија е целта на Институтот Либерална алтернатива. Тие со форуми пред академската заедница и други целни групи ќе се обидат да го анимираат македонското општество да размислува во правец на прифаќање на либерализмот како идеологија на функционирање.

Иако либерализмот подразбира вклучување на државата, кај нас државата се вклучува премногу во смисла на голема регулација, општествен живот, економски. Државата е присутна во сè, но не да ги заштити правата, тука да ги ограничува со своите државни механизми.

Ние живееме во такво општество каде што групата е поважна од индивидуалецот, а ние сакаме да го прекршиме тоа табу, па да почнеме повеќе да размислуваме за индивидуалците како единки кои имаат права, наместо да земеме права базирани на групи“, вели Орхан Цека од Институтот.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека политичките партии кои владеат во Македонија не оставаат простор за либерализмот и дека групните вредности се пред индивидуалните слободи.

Тоа е состојба на умот, да се биде либерален. Тоа значи дека се прифаќаат луѓето какви што се, или со други зборови позитивен пристап кон другите луѓе, бидејќи го ставаш човечкото суштество во центарот на твоите мисли.

„Иако либерализмот подразбира вклучување на државата, кај нас државата се вклучува премногу во смисла на голема регулација, општествен живот, економски. Државата е присутна во сè, но не да ги заштити правата, тука да ги ограничува со своите државни механизми. Во таква атмосфера, која е прилично сива, е многу тешко таа либерална енергија да се развие“, вели тој.

Според Едмонд Адеми, за да се развие либерализмот треба да се надмине етничката поделеност, што всушност е поделба по групи.

„Голем проблем преставуваат и политичките партии кои во Македонија се поделени по етничка основа. Либералниот концепт не препознава нации и етнички разлики, туку интеграција на единката во општеството“, вели Адеми.

Права, но и обврски за поединецот произлегуваат од оваа идеологија, вели Даниел Кадик од Фондацијата Фридрих Нојман.

„Тоа е состојба на умот, да се биде либерален. Тоа значи дека се прифаќаат луѓето какви што се, или со други зборови позитивен пристап кон другите луѓе, бидејќи го ставаш човечкото суштество во центарот на твоите мисли. И од тука се добива економската слобода, како експресија на индивидуалната слобода. Друг значаен аспект од либерализмот е владеењето на правото. Сите правила важат за сите. Либерализмот покажува со прст кон поединецот и бара одговорност“, вели Кадик.

Форумите за либерализмот започнаа во Тетово, а предвидено е да има 12 такви дебати.

XS
SM
MD
LG