Достапни линкови

logo-print

Обама - Разговори за нормализирање на односите со Куба


Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека САД ќе почнат разговори за нормализирање на односите со Куба после неколку децении. Вашингтон ќе го напушти „застарениот пристап“ кој со децении не успеа да ги унапреди американските интереси, изјави денеска Обама во Белата куќа. Според него, промената на политиката ќе „почне ново поглавје“ меѓу двете земји, вклучувајќи и повторно отворање на американска амбасада во Хавана како и чекори кон укинување на неколкудецениското американско трговски ембарго против Куба. Претходно денеска, Куба го ослободи американскиот хуманитарец Алан Грос кој помина пет години во затвор во Куба, како дел од размената на затвореници меѓу двете земји.

Кубанскиот претседател Раул Кастро, пак, во обраќањето од Хавана кое се случи истовремено со тоа на Обама во Вашингтон, изјави дека се согласиле за повторно воспоставување дипломатски односи со САД. Двете земји немаат дипломатски односи од револуцијата во Куба во 1959 година по која Фидел Кастро дојде на власт.

XS
SM
MD
LG