Достапни линкови

Обама ќе најави промена на политиката кон Куба?


Американскиот претседател Барак Обама треба да објави промена во американската политика кон Куба, а промените наводно ќе вклучуваат отворање на американска амбасада во Хавана и разговори за нормализирање на односите. Белата куќа најави дека Обама ќе даде изјава за Куба во 18 часот(на пладне по вашингтонско време), а американски функционери соопштија дека претседателот ќе објави промена на политиката кон Куба. Во исто време е најавено дека изјава ќе даде и кубанскиот претседател Раул Кастро. До ова доаѓа откако Куба денеска го ослободи американскиот хуманитарен работник Алан Грос по пет години поминати во затвор, во размена на затвореници со Хавана. Куба го уапси сега 65-годишниот Грос во декември 2009 година и подоцна го осуди на 15 години затвор за увоз на забранети технологии и за обид да воспостави тајни интернет услуги за кубанските Евреи.

XS
SM
MD
LG