Достапни линкови

Понта: Јавноста треба да знае дали во Романија имало центри на ЦИА


Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романската Влада ќе ги достави сите информации со кои располага за евентуалното постоење на центри на американската централна разузнавачка агенција ЦИА во земјата, бидејќи јавноста има право да биде информирана, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта.

Тој истакна дека новоизбраниот претседател Клаус Јоханис треба да свика седница на Врховниот совет за одбрана и да побара увид во целиот извештај на американскиот Сенат, во кој е наведено дека за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш ЦИА испитувала десетици осомничени терористи на локации ширум светот, меѓу кои се споменува и Романија.

Тој додаде дека романското Обвинителство го истражува случајот.

XS
SM
MD
LG