Достапни линкови

Полска отворена за разговори за продажба на оружје во Украина


Полска е отворена за разговори за можна продажба на оружје во Украина, изјави полскиот претседател Бранислав Коморовски по денешната средба со неговиот украински колега Петро Порошенко во Варшава. „Не сум чул дека има некакво ембарго за продажба на оружје во Украина“, рече Коморовски на заедничката прес-конференција по средбата и додаде дека Полска е апсолутно отворена за такви разговори ако Украина е заинтересирана. Порошенко ништо не одговорил на таквите изјави. Тој изрази благодарност за двата хуманитарни конвои што од Полска беа испратени во источна Украина.

XS
SM
MD
LG