Достапни линкови

logo-print

Златна година на македонскиот автомобилизам


Игор Стефановски – Иџе.

Игор Стефановски – Иџе.

Годинава за прв пат еден наш натпреварувач се закити со титулата европски шампион.

Годинава што изминува ќе остане запишана со златни букви во историјата на македонскиот автомобилизам, спорт во кој за прв пат еден наш натпреварувач се закити со титулата европски шампион. Овој, до неодамна незамислив успех беше дело на 10 кратниот македонски првак Игор Стефановски – Иџе, кој, како дебитант, триумфира во европскиот шампионат на ридски патеки (категорија 1).

Ништо од ова не беше очекувано. Бидејќи сепак, ние сме многу далеку од сите тие настани. Нашите услови за тренинг и за сите оние потребни работи што треба да ги има еден професионален автомобилист, како што ги имаат моите конкуренти, во Македонија за жал ги немаме.

Да биде подвигот поголем, Игор до титулата дојде со рекордни 8 победи на 12-те трки, а (покрај тоа што патеките ги проучуваше преку видео снимки и он - боард камери) во текот на сезоната се соочуваше со финансиски и со технички проблеми (неспоредиво помал буџет од конкурентите, откажување на моторот, проблеми со менувачот, судири и излетувања од патеките). Сето ова не само што не го запре, туку не беше пречка за Иџе, повторно како никој претходно, да ја обезбеди титулата на две трки пред крајот на сезоната, уште еден подвиг на кој не помислувал ниту во најоптимистичките очекувања.

„Ништо од ова не беше очекувано. Бидејќи сепак, ние сме многу далеку од сите тие настани. Нашите услови за тренинг и за сите оние потребни работи што треба да ги има еден професионален автомобилист, како што ги имаат моите конкуренти, во Македонија за жал ги немаме. Така што, планиравме да извозиме неколку трки. Меѓутоа, се справивме некако со сите тие работи и на првата трка во Франција извојував победа. Тоа ми даде некаков стимул за понатамошните натпреварувања и потоа почнаа победите да се редат. И на крај им дадовме некоја патека на младите дека со напор, со труд, може и од оваа мала земја да се стане европски шампион“, изјави Стефановски.

Предизвик ми е да ја одбранам титулата, што многу малку луѓе го имаат направено тоа. Меѓутоа, и предизвик ќе биде и едно ново натпреварувања, каде што би се впуштиле во нови авантури, нови трки, нови конкуренти.

Со импресивната сезона, „летечкиот Македонец“ ја заслужи и титулата спортист на годината на град Скопје, но и го исполни критериумот на Агенцијата за млади и спорт за добивање стипендија од светска класа (во наредните 4 години секој месец ќе добива по 2 просечни плати – 42.000 денари). Покрај тоа, по активната кариера тој ќе го користи и националното признание „Спортска пензија“, што е уште една причина за големо задоволство, но и мотив плус да продолжи со успесите во наредната година. А, во неа, се уште не знае дали ќе ја брани титулата во првенството на ридски патеки, или пак ќе атакува на врвот во европскиот шампионат на кружни патеки.

„Предизвик ми е да ја одбранам титулата, што многу малку луѓе го имаат направено тоа. Меѓутоа, и предизвик ќе биде и едно ново натпреварувања, каде што би се впуштиле во нови авантури, нови трки, нови конкуренти. Така што и двете опции се во игра. Мислам дека до крај на годинава ќе се знае, евентуално до 15-ти јануари би требало да знаеме каде ќе се насочиме. Зависи од финансиите, само од тоа“, додаде Стефановски.

Тој се надева и дека час поскоро ќе бидат подобрени условите за работа во македонскиот автомобилизам, кому му е неопходна вистинска тркачка патека, на која сите заинтересирани ќе имаат шанса за квалитетен тренинг, а со тоа и за успеси на натпреварите.

„Автомобилизмот во Македонија е на едно ниско ниво. Далеку сме од европските трки. Меѓутоа, јас се надевам со овие резултати што ги направивме дека барем ќе придонесеме за оние луѓе што го сакаат автомобилизмот и трките, да можат едноставно да се пробаат на вистински тркачки патеки и да ги имаат барем условите што ги имаат европските возачи. За да можат и луѓето од Македонија што се заинтересирани за овој спорт да одат напред“, истакна на крајот европскиот првак во автомобилизам на ридски патеки, Игор Стефановски.

XS
SM
MD
LG