Достапни линкови

Бомбашки напад во Авганистан, 10 загинати


Бомбаши самоубијци денеска извршија напад во банка во провинцијата Хелманд на југот на Авганистан, при што убија 10 луѓе, меѓу кои тројца полицајци. Во нападот во градот Лашкар Гах има 15 повредени, информираат здравствени претставници. Нападот почнал кога еден талибански бомбаш го активирал експлозивот што го носел на влезот на Кабулската банка, а по првата експлозија, во објектот влегле уште тројца напаѓачи со експлозивни елеци. Тие влегле во неколкучасовна престрелка со полицијата пред да бидат убиени. Двајца цивили биле убиени во далечински активирана бомба за време на престрелката, кога Брзата помош дошла да им помогне на повредените. Вработените во банката кои успеале да избегаат, велат дека во објектот имало неколкумина вработени во државната администрација кои дошле да си подигнат плата.

XS
SM
MD
LG