Достапни линкови

logo-print

Променета локацијата на дебатата за „државниот испит“


Дебатата за предлог законите од областа на образованието, што требаше да се одржи на Педагошкиот факултет, е префрлена во просториите на Министерството за образование и наука. Новинарите од повеќе медиуми не беа информирани за оваа промена на локацијата.

Претставници на Студентскиот пленум, кои не беа поканети на дебатата, сепак дојдоа да присуствуваат на неа, но беа принудени да заминат во Министерството, поради промената на локацијата во последен момент. Пред зградата на Министерството тие дојдоа свиркајќи и извикувајќи „ваков срам не се покрива“.

XS
SM
MD
LG