Достапни линкови

logo-print

Голема системска измама на изборите во Авганистан


Шефот на набљудувачката мисија на ЕУ за изборите во Авганистан, Тајс Берман.

Шефот на набљудувачката мисија на ЕУ за изборите во Авганистан, Тајс Берман.

Имало системска измама од високи размери во вториот круг од претседателските избори во Авганистан, се наведува во конечниот извештај на набљудувачкиот тим од ЕУ. Тие ја критикуваат и ревизијата на гласањето која поништила само мал дел од сомнителните гласачки ливчиња. Шефот на набљудувачката мисија на ЕУ, Тајс Берман, изјави дека „развојот на демократијата и кредибилитетот на изборните институции во Авганистан претрпеа тежок удар поради степенот на измама“. Во извештајот објавен вчера се наведува дека повеќе од два милиони од 8,1 милиони конечни гласачки ливчиња дошле од проблематични избирачки места. Тој ги пофали двајцата противкандидати Ашраф Гани и Абдула Абдула за постигнувањето решение преку договор за поделба на власта.

XS
SM
MD
LG