Достапни линкови

САД влегуваат во трката за домаќин на ЛОИ 2024


Олимпискиот комитет на САД ќе поднесе кандидатура за организација на Летните олимписки игри во 2024 година, а дополнително ќе биде одреден градот кандидат за домаќин. Во трка се Бостон, Лос Анџелес, Сан Франциско и Вашингтон. Рокот за доставување на кандидатурите е 15 септември 2015 година. Одлуката за домаќинот ќе биде донесена во 2017 година. ЛОИ на американска територија последен пат се одржале 1996 година кога домаќин беше Атланта, додека Солт Лејк Сити беше домаќин на Зимските игри 2002. Досега кандидатура за организација на Олимпијадата во 2024 година истакнаа Германија и Италија.

XS
SM
MD
LG