Достапни линкови

Кина ги зголемува инвестициите во Европа


кинескиот премиер Ли Кечијанг

кинескиот премиер Ли Кечијанг

Кина ќе формира нов инвестициски фонд од 3 милијарди долари за Централна и Источна Европа со цел зајакнување на нејзиното присуство во регионот. Ова го изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг за време на самитот во Белград со лидери на 16 земји од Централна и Источна Европа. Тој во Белград предводи делегација од 200 директори на кинески фирми. На тридневниот самит учествува и македонскиот премиер Никола Груевски кој изјави дека Кина била многу заинтересирана за изградба на пругата од Атина до Будимпешта и оти за нејзина реализација ќе соработуваат Унгарија, Србија, Македонија и Грција.

XS
SM
MD
LG