Достапни линкови

logo-print

Романскиот премиер Виктор Понта се откажа од докторската титула


Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта се откажа од титулата „доктор на науки“, повеќе од две години откако беше обвинет дека неговата докторска теза е плагијат.

Понта не призна директно дека препишал значителен дел од докторската дисертација, која ја бранел во 2004 година, но денеска упати писмо до ректорот на универзитетот во Букурешт, во кое се наведува дека требало да се откаже од титулата многу порано, кога биле упатени првите обвиненија.

Во 2012 година Понта беше обвинет за плагијат на неговиот докторски труд за Меѓународниот кривичен суд. Понта го отфрли обвиненијата, оценувајќи го како политички мотивирани.

Романскиот премиер изјави дека по завршување на политичката кариера ќе брани нова докторска дисертација, што ќе биде во согласност со стандардите и барањата.

XS
SM
MD
LG