Достапни линкови

logo-print

Пад на турската лира


Турската лира денеска падна на најниско ниво во однос на доларот и еврото, откако берзите демонстрираа нервоза по падот на вредноста на рубљата и по операциите насочени кон опозициските медиуми во Турција. Попладнево еден долар се менува за 2,36 лири, а еврото се менува за 2,95 лири, иако првично курсот ја помина границата од три лири. Турската Централна банка објави дека утре директно ќе ги покрие потребите од странска валута на државните претпријатија. Истанбулската берза денешниот ден го заврши со пад од четири проценти.

XS
SM
MD
LG