Достапни линкови

logo-print

Најмалку 15 ученици загинаа во бомбашки напад во Јемен


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 15 ученици и 10 бунтовници загинаа во напад со автомобил бомба во градот Рада во Јемен. Автомобилот експлодирал во близина на школски автобус, кој во моментот поминувал низ градот каде што имало собир на бунтовниците од шиитската организација Хоутис. Тие ја обвинија Ал Каеда дека стои зад нападот. Автобусот превезувал ученички од основно училиште. Рада е бастион на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Локалните племенски водачи соопштија дека друг автомобил експлодирал пред домот на шиитскиот бунтовнички лидер Абдула Идрис. Ова е втор напад врз неговиот дом од октомври годинава. Ал Каеда и Хоутис се во меѓусебна борба во Рада откако шиитските бунтовници ја презедоа контролата врз регионот во октомври.

XS
SM
MD
LG