Достапни линкови

Осуда против масакрот во Пакистан


Реакции за осуда на денешниот масакр во училиште во градот Пешавар во Пакистан во кој беа убиени повеќе од 130 луѓе, најмногу деца, стигнуваат од целиот свет. Генералниот секретар на Он, Бан Ки-мун, оцени дека тоа бил ужасно дело на кукавици. Американскиот претседател Барак Обама го нарече нападот ужасен и по повтори поддршката во борбата на пакистанската влада против тероризмот и екстремизмот. Американскиот државен секретар денеска во Лондон изјави дека нападот „го разгневил и потресол светот“ и повика одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Претседателот на соседниот Авганистан, Ашраф Гани, соопшти дека „убивањето невини деца е спротивно на исламот“. Во меѓувреме, пакистанскиот премиер Наваз Шариф изјави дека антиталибанската операција во земјата ќе трае „додека не се искорени тероризмот“.

XS
SM
MD
LG