Достапни линкови

logo-print

Рубљата падна за 20 отсто за еден ден


Руската рубља продолжува драматично да паѓа во однос на доларот и еврото. За еден долар сега се добиваат скоро 80 рубљи, а за едно евро околу 100 рубљи, што е пад на руската валута од 20 отсто за само еден ден. Вчера рубљата падна за 10 отсто, по што Руската централна банка ги зголеми основните каматни стапки од 10,5 на 17 отсто. Руската економија е погодена од западните санкции и големиот пад на цената на нафтата на светските берзи.

XS
SM
MD
LG