Достапни линкови

Нов фудбалски терен во Охрид за подобра спортска слика


Охрид го доби првиот терен на вештачка трева, нешто што треба да придонесе во развојот на спортот и спортскиот туризам во градот. Но општата состојба со спортот е лоша. Поради немање на финансии настапот во натпреварувачките конкуренции го откажаа неколку екипи, а Охрид веќе две години нема фудбaлски клуб.

Дел од спортовите во Охрид се наоѓаат во незавидна состојба. Со исклучок на машката ракометна екипа која се натпреварува во супер лигата, поради немање пари својот настап во натпреварувачка конкуренција го откажаа кошаркарските екипи и женската сениорска екипа на ракометниот клуб Моби Дик. Но сите се оптимисти дека работите ќе се подобрат и Охрид ќе има светла спортска иднина. Велат дека добар знак за тоа е отварањето на првиот фудбалски терен на вештачка трева кој е донација од европската куќа на фудбалот УЕФА.

Правиме голем чекор напред кој ќе создаде услови во Охрид да изникнат нови генерации фудбалери кои ќе ја продолжат славата на нашите охридски фудбалски легенди. На овој терен треба да му се радуваат и туристичките работници од Охрид.

Локалните власти најавуваат дека ова е само почеток на изградба на дополнителни вакви терени кои според нив треба да го раздвижат спортот во градот, но и да помогнат во развојот на спортскиот туризам.

Охрид е атрактивен за странски фудбалски екипи најмногу од соседството кои поради местоположбата и добрата клима доаѓаат овде на припреми. Новиот спортскиот терен кој го помогнаа и Општина Охрид и ФФМ, ќе донесе и своевиден, позитивен пресврт на состојбите во спортот во Охрид кој со години наназад беше уназадуван и уништуван до фаза на исчезнување, рече Ристе Мишев, директор на Јавното претпријатие Билјанини извори.

За жал тоа е така. Јас во два наврати пробав да учествувам во подигнување на клубот на вистинско ниво, но од милион пропратни работи бев спречен од луѓе кои не му мислат добро на фудбалот.

„Правиме голем чекор напред кој ќе создаде услови во Охрид да изникнат нови генерации фудбалери кои ќе ја продолжат славата на нашите охридски фудбалски легенди. На овој терен треба да му се радуваат и туристичките работници од Охрид, бидејќи еден од најважните предуслови за привлекување на спортски екипи во денешно време е да се има терен на вештачка трева за тренинзи. Од оваа инвестиција финансиска корист ќе имаат и сместувачките капацитети“, рече Мишев.

Градоначалникот Никола Бакрачески, рече дека со ова се дава нов импулс во развојот на спортот во Охрид.

„Изградбата на теренот е нешто што ќе отвори нови перспективи за развојот на спортот во Охрид и ќе овозможи нов тренд на развој на спортскиот туризам во Охрид, бидејки во денешно време е незамисливо да нудите припреми на спортски екипи надвор од летна сезона, а да немате терен на вештачка трева. Овој терен ќе даде стимул на младите на сите оние охриѓани кои сакаат да го развиваат здравиот дух, да го развиваат натпреварувачкиот дух и да победуваат“, рече Бакрачески.

Данчо Целески поранешен репрезентативен голман на Македонија, вели оти еден терен не е доволен и оти во иднина најмалку уште два такви терени треба да се изградат, но и да се реновираат постоечките терени. Инаку фудбалот како спорт во Охрид во моментот е во лоша состојба. Градот веќе две години нема фудбалски клуб,од два клуба кои се натпреваруваа во првата и втората лига. Целески вели дека моменталната ситуација во фудбалот во градот е разочарувачка.

„За жал тоа е така. Јас во два наврати пробав да учествувам во подигнување на клубот на вистинско ниво, но од милион пропратни работи бев спречен од луѓе кои не му мислат добро на фудбалот“, рече Целески.

На охриѓани им е ускратена можноста поради ваквите неповолни прилики да следат прволигашки фудбал.

XS
SM
MD
LG