Достапни линкови

Тригодишно дете е најмладиот корисник на дрога во Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Употребата на дроги меѓу децата во Македонија е проблем кој бара сериозен пристап и многу брза реакција од надлежните. Потребни се и соодветно згрижување, третман и лекување на децата кои употребуваат дроги, како и соодветни установи за нивна грижа. Ова беше констатирано на денешната тркалезна маса на тема „Третман и грижа на децата кои употребуваат дроги“ во организација Народниот правобранител и Здружението ХОПС - Опции за здрав живот Скопје. Беше констатирано дека се намалува возрасната граница на корисници на дроги и оти сè повеќе деца се дрогираат. Потребна е координирана акција за спречување и едукација, нагласија присутните, но и програми за третман на деца кои употребуваат дроги. Најмалите корисници на дроги во Македонија се тригодишно дете кое дува лепак и осумгодишник кој инјектира дрога.

XS
SM
MD
LG