Достапни линкови

Лукашенко ја обвини Москва за трговскиот спор меѓу двете земји


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини Москва за трговскиот спор што ги затегна односите меѓу двете земји.

„Однесувањето на нашите источни браќа не може да не остави спокојни, но нема да извлекуваме заклучоци пред да разговарам со рускиот претседател“, рече Лукашенко, зборувајќи денеска на Белорускиот совет за безбедност.

Двете земји се во спор од крајот на минатиот месец, откако Русија забрани увоз на месо и млеко од Белорусија, тврдејќи дека пронашле траги од опасни супстанци. Минск, пак, одби да го следи примерот на Москва и да воведе забрана за увоз на прехранбени производи од ЕУ, но Лукашенко го критикува и Западот.

„Минск е загрижен од обидите на Западот да го постигне своите геополитички цели преку интензивирање на разузнавачките активности и зголемувањето на бројот на војници на НАТО во Полска и во балтичките држави“, рече тој.

XS
SM
MD
LG