Достапни линкови

Почина писателот Игор Исаковски


Писателот и основач на „Блесок“, Игор Исаковски, почина вчера на 44 години.

Игор Исаковски е поет, прозаист, преведувач, уредник. Ги објавил романите: Писма; Пливање во прашина (за кој ја доби наградата Прозни мајстори, 2005): книгите раскази: Експлозии, трудна месечина, ерупции..., Песочен часовник, Гравири – Blues говорница и Blues говорница II (награда за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга, 2007); поетските книги: Црно сонце; Вулкан – Земја – Небо; Длабоко во дупката; Стажирајќи за светец; Ноќта е најтемна пред разденување (награда на 4. Белградски фестивал на поезија и книга); Љубовна поезија; Смртта има коса од морска трева - објавена минатата година. Поезијата и прозата му се преведени и објавени на шеснаесет јазици во дваесетина земји, а самиот преведува поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски-босански-црногорски, и од словенечки на македонски. Во негов превод на македонски, објавени се шеесет книги. Застапен е во голем број избори и антологии во Македонија и во странство.

Игор Исаковски ќе биде погребан утре на градските гробишта Бутел во Скопје.

XS
SM
MD
LG