Достапни линкови

Над 100 убиени, повеќето деца, во напад врз училиште во Пешавар


Најмалку 104 лица биле убиени, меѓу кои 84 деца во нападот врз училиште во пакистанскиот град Пешавар, соопшти регионален официјален претставник. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, соопштувајки дека бил одмазда за воените операции на пакистанската армија во Северен Вазиристан. Дописникот на Радио Слободна Европа јави дека нападот врз военото јавно училиште започнал изутрината и оти се слушале експлозии и престрелки. Во моментот на нападот, во училиштето имало околу 500 ученици и наставници.

XS
SM
MD
LG