Достапни линкови

Руската Централна банка ја покачи каматната стапка


Руската Централна банка објави драматично покачување на нејзината каматна стапка од 10 ипол на 17 проценти. Во денешното соопштение Банката наведува дека ова било со цел да се ограничи ризикот од инфлација поради падот на вредноста на рубљата. Вчера руската валута забележа рекордно ниско ниво. За еден долар се менуваа 63 рубљи. Од почетокот на годинава руската валута загуби половина од нејзината вредност спрема доларот. Аналитичарите сметаат дека тоа било резултат на падот на цените на нафтата и на западните економски санкции против Русија поради мешањето на Москва во украинската криза. Москва годинава потроши над 80 милијарди долари во обид да га стопира падот на рубљата.

XS
SM
MD
LG