Достапни линкови

Антиимиграциски марш во Дрезден


Околу 15 илјади луѓе маршираа во германскиот град Дрезден против исламизацијата на Западот. Во исто време околу 5 илјади луѓе одржаа контра демонстрации. Притоа, како што јавуваат агенциите, не биле забележани поголеми инциденти. Ново движење под името Патриотски европејци против исламизација на Западот или ПЕГИДА секоја недела одржува собири во Дрезден на кои расте бројот на демонстрантите. Канцеларот Ангела Меркел предупреди дека во Германија нема место за поттикнување и лаги за луѓето кои доаѓаат од други земји. Во неделата во Келн се одржаа демонстрации за толеранција во земјата.

XS
SM
MD
LG