Достапни линкови

logo-print

Обама: мина времето на испраќање големи сили во светот


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама вчера ги поздрави силите кои се вратија од Авганистан при што изјави дека за Соединетите држави мина времето за испраќање големи сили во светот. Тоа, според Обама, преставува пресвртница за американската војска. Тој додаде дека кога стапил на функција во Ирак и во Авганистан имало 180 илјади војници и оти кон крајот на месецов таму ќе има помалку од 15 илјади војници. САД и НАТО по 13 години во минатата недела ја затворија оперативната команда во Авганистан. Обама изрази увереност дека сојузничката коалиција предводена од Соединетите држави ќе ги уништи милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG