Достапни линкови

Тројца загинати во заложничката драма во Сиднеј


Тројца луѓе биле убиени, вклучувајќи го и муслиманскиот напаѓач во 16 часовната заложничка криза во Сиднеј. Австралиската полиција упадна во кафе ресторанот каде што едно вооружено лице родено во Иран држело група заложници. Еден човек и една жена, како и напаѓачот починале во болница. Полицијата сега истражува дали заложниците биле убиени од киднаперот или во престрелката до која дојде со полицијата. Напаѓачот е идентификуван како Ман Харон Монис и тој во 1996 година добил политички азил во Австралија.

XS
SM
MD
LG