Достапни линкови

Времето денеска: магловито и умерено облачно


Во Македонија ќе има магла по котлините и долж Повардарието. Маглата во попладневните часови ќе биде послаба, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Преку денов времето ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови најпрвин во западните делови од земјата со повремен дожд, а кон крајот на денов и во останатите делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од минус четири до три, а дневната од пет до 12 степени. Во Скопје ќе има магла која во попладневните часови ќе биде послаба. Кон крајот на денов ќе има услови за појава на дожд. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

XS
SM
MD
LG