Достапни линкови

Уценување или пазарење меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ?


Причината поради која ДУИ „глатко“ ги одобрува одлуките на коалициониот партнер треба да се бара во уценувачката политика, а не во политичко пазарење, вели професор Алајдин Демири.

Промената на државниот грб и измените во Законот за високо образование ја покренаа албанската јавност во земјава. Дел од функционерите во ДУИ и јавно негодуваат околу овие прашања. Во дел од медиумите се зборува и за можни оставки доколку согласувањата на коалицијата на владината седница поминат и во Собранието.

Причините зошто во владата тоа баш лесно поминало верувам дека е прашање и на политичкиот момент и потребата, според мене, да се дефокусираат граѓаните и од некои други прашања, но не верувам дека ова како прашање е апсолвирано и затворено.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Согласувањата на владините претставници на ДУИ со ВМРО- ДПМНЕ околу овие прашања во јавноста генерира негативни реакции, велат експертите.

Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека прашањето за промената на државниот грб се уште не е апсолвирано, односно се додека не помине во парламентот.

„Причините зошто во владата тоа баш лесно поминало верувам дека е прашање и на политичкиот момент и потребата, според мене“ да се дефокусираат граѓаните и од некои други прашања, но не верувам дека ова како прашање е апсолвирано и затворено.“

Професор Алајдин Демири вели дека причината поради која ДУИ „глатко“ ги одобрува одлуките на коалициониот партнер треба да се бара во уценувачката политика. а не во политичко пазарење.

ДУИ е спреман на сè да спроведе што ќе побара ВМРО-ДПМНЕ, само да не се отвори некое „досие“.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Има некое пазарење кое го прават ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во стилот „да пројде ова, па ќе добиеш она“, меѓутоа до сега никаде не се укажа она што го добива ДУИ, за возврат за пропустите што ги прави и така ја држат политиката и пред се меѓуетничките односи во една латентна, тензична состојба, но тензична под контрола, односно ДУИ цело време служи само како лакмус за контрола на Албанците да не забегаат на оваа или на онаа страна, а тоа успешно го прават.“

Тој додава дека поради хипотеката која ја има ДУИ, партијата се става самата во заложничка улога.

„ДУИ е спреман на сè да спроведе што ќе побара ВМРО-ДПМНЕ, само да не се отвори некое„досие“. Одлуката да се смени грбот на Република Македонија, што всушност претставува грб на ВМРО, што е приватизација на државата и одлуката на ДУИ тоа лесно и така да го спроведе, само ги потврдува овие тајни договори на ВМРО со ДУИ.“

Муслиу не верува дека ДУИ ќе си дозволи таков „луксуз“ да не ги земе предвид остри реакции од албанските интелектуалци и коментари на албанските социјални мрежи околу спорните прашања.

Дел од медиумите пишуваат дека одобрувањето на ДУИ на промената на државниот грб донело внатрепартиски несогласувања.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG