Достапни линкови

Најмалку 4.700 луѓе загинати во конфликтот во источна Украина


ОН соопштија дека најмалку 4.700 луѓе загинале во конфликтот во источна Украина од април досега. Во извештајот што беше претставен денеска во Киев се наведува дека 1.357 луѓе загинале од почетокот на прекинот на огнот на 5 септември. Се наведува дека животот на 5,2 милиони луѓе што живеат во конфликтните подрачја се влошува со почетокот на зимата во услови на комплетен прекин на локалната инфраструктура што ги остави луѓето без вода и греење.

XS
SM
MD
LG