Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Судството да се исчисти од предавници


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека судскиот систем и некои други државни институции, вклучително и Турскиот совет за научно-технички истражувања, треба да бидат исчистени од предавници.

Турската полиција вчера презеде акции против следбениците на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД. Акции беа преземени во 13 градови во Турција при што се приведени 27 луѓе - новинари, извршни директори, продуценти и полицајци, блиски до Ѓулен.

Последната година во Турција се извршени масовни чистки, при што беа прераспоредени голем број државни службеници, полицајци, обвинители и научници од Турскиот совет за научно-технички истражувања.

XS
SM
MD
LG