Достапни линкови

АРМ ќе учествува и во операцијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан


Македонското Собрание денеска усвои одлука за испраќање 38 припадници на Армијата на Република Македонија во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан, како продолжение на учеството во досегашната 12 годишна мисија ИСАФ. Во мировна операција во Авганистан во наредните шест месеци, согласно одлуката, ќе заминат 5 штабни офицери во тим за советување во Командата за обука, советување и асистирање-Север, во рамки на германскиот контингент, 13 штабни офицери и 1 подофицер во Командата за обука, советување и асистирање во Кабул, во турскиот контингент, како и единица за заштита на сили од 20 припадници. Финансиските трошоци за транспорт, логистички трошоци, плати и надоместоци на плати на припадниците на АРМ ги обезбедува Министерството за одбрана.

XS
SM
MD
LG