Достапни линкови

Хан: Европскиот совет нема да даде зелено светло за Македонија


Еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, денеска во Брисел изјави дека за Македонија нема да има отворање на преговорите за членство во ЕУ и на претстојниот Самит на Европскиот совет.

„Во врска со ПЈР Македонија и шестата препорака на Европската Комисија за отворање на пристапните преговори, за жал има некои пречки кои не дозволуваат тоа да се случи“, истакна комесарот Хан, не прецизирајќи кои се тие пречки. Хан најави дека во наредните месеци ќе работи врз надминување на дел од проблемите поради кои Македонија не може да ги почне преговорите.

XS
SM
MD
LG