Достапни линкови

logo-print

Ердоган - ЕУ да си ја гледа својата работа


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека апсењата во критичките медиуми за време на викендот се одговор на „валкана операција“ на политичките непријатели и и порача на ЕУ да не се меша. Најмалку 24 луѓе беа уапсени во вчерашните рации, под обвиненија за „заплашувања и закани“, „формирање банда против суверенитетот на државата“, „фалсификување“ и „клевета“. Апсењата наидоа на остри осуди од ЕУ и од САД. Ердоган, пак, денеска му порача на Брисел да си ја гледа сопствената работа. Во Турција се уапсени новинари блиски до муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во САД.

XS
SM
MD
LG