Достапни линкови

Антивладини демoнстрации во Пакистан


Поддржувачите на опозицискиот лидер Имран Хан во Пакистан кои одржуваат антивладини протести ги блокираа главните сообраќајници во градот Лахоре на истокот на земјата. Партијата „Техрик-е Инсаф“ на Хан тврди дека изборите во 2013 година биле наместени и бара оставка од премиерот Наваз Шариф. Властите соопштија дека 15 илјади полицајци го обезбедуваат протестот, по насилствата што се случија на сличен протест во градот Фаисалабад минатата недела. Хан најави дека ќе блокира делови од најголемите градови во земјата како дел од напорите за соборување на владата. Партијата неколку месеци одржува антивладини протести во земјата.

XS
SM
MD
LG