Достапни линкови

logo-print

Шанси за вработување на лица со попреченост


Седумдесет и осум лица со попреченост се вработиле во земјава за две години во рамките на проект на УСАИД, приватниот сектор и невладини организации. Од фирмите велат дека на овие лица треба да им се даде шанса. Проектот ќе трае уште две години.

Со спроведување на проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост во соработка со Владата на РМ, приватниот сектор во локалните заедници во североисточниот и источниот регион и Здружението „Порака наша“ од Куманово, изминатите две години вработени се 78 лица. Проектот ова го остварува преку подобрување на нивните вештини за вработување со организирање на пракси и обуки, како и учество во кампањи за подигнување на јавната свест со што оваа проблематика ќе стане повидлива за приватниот сектор и заедницата.

Имаме десетина лица со попреченост. Произведуваме картонска амбалажа. На почетокот има мали проблеми, но со интензивна работа со нив се снаоѓаат добро.

Четиригодишниот проект започнал во август 2012-та година, а спроведен е од „Моја кариера” од Скопје, во партнерство со „Порака наша“ од Куманово и „Хендимак“ од Тетово.

Од фирмите во кои се вработени лица со попреченост велат дека е добро на овие лица да им се даде можност преку вработување да се чувствуваат еднакви со другите.

„До сега е добро, веќе две години како работи лицето. Има напредок кај него и веќе ги совладува работите.“

„Нашата фирма се занимава со работа со градежен материјал, лицето е под надзор. Се покажа дека е добро и планираме уште лица да вработиме.“

Треба да се фокусираме на нивните способности, а не на нивната попреченост. До сега преку проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост се вработени 78 лица.

„Имаме десетина лица со попреченост. Произведуваме картонска амбалажа. На почетокот има мали проблеми, но со интензивна работа со нив се снаоѓаат добро.“

Од овие фирми велат дека имаат предвид да го зголемуваат бројот на лицата со попреченост, не само поради некои бенефиции што ги добиваат од државата, туку и заради помагање на вклучување на овие лица во производствените процеси. Тие додаваат дека се забележува напредок кај нив.

„И на тие лица им треба помош да се снајдат во општеството.“

Џејмс Стајн директор на мисијата на УСАИД во Македонија вели дека УСАИД уште две години ќе продолжи да ги поддржува лицата со попреченост. Започнат е и нов проект, во соработка со Штуловиот универзитет и со Лајонс клубот за помош на слепи лица.

„Треба да се фокусираме на нивните способности, а не на нивната попреченост. До сега преку проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост се вработени 78 лица. Тука е и поддршката на Владата на РМ што ја прави за оваа категорија граѓани“, изјави Стајн.

Во фирмите во Куманово според Благица Димитровска од „Порака наша“ вработени се 47 лица, но има и некои што се во процедура за вработување.

„Така да во блиска иднина ќе има уште повеќе.“

РСЕ: Задоволни сте?

„Презадоволни, зашто лицата се среќни,заработуваат за својот живот и се чувствуваат полезни во општествово во кое најмалку се води грижа за оваа категорија граѓани.“

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG