Достапни линкови

Предупредување за Русија од Назарбаев


Премиерите на државите од Шангајската организација за соработка денеска одржуваат средба во главниот град на Казахстан, Астана. Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев го отвори состанокот, велејќи дека организацијата „успеала да се здобие со политичко значење и економска моќ“.

„Организацијата работи, пред сè, на стабилноста, надминување на територијални спорови меѓу земјите членки и со заеднички напори против трите зла на модерното живеење – сепаратизмот, екстремизмот и тероризмот“, рече Назарбаев.

Се смета дека ова е предупредувачка порака до Русија која ги поддржува проруските сепаратисти кои се борат против украинските владини сили во источна Украина.

XS
SM
MD
LG